Очила за сонце кои се во тренд оваа сезона

Кога станува збор за очила за сонце, во голем број од случаите се водиме според обликот на нашето лице. Во текот на пробувањето најразлични очила, покрај заштитата на очите од сончевото зрачење, водиме грижа и за тоа тие да не ги покриваат нашите атрибути, а сепак да делуваат софистицирано.

Понекогаш избираме и неколку пара очила, како би имале избор за секоја пригода. Сепак, модните дизајнери секоја сезона даваат совети за изборот на рамката и бојата на стаклото. Модните совети се тука да ни овозможат да останеме во тренд.

Кои очила за сонце се во тренд оваа сезона, според модните експерти:

Модните дизанјери ова лето ги истакнуваат големите очила, кои покриваат речиси половина од лицето. Тоа што е карактеристично за овие наочари, е тоа што не се составени од две одвоени стакла, туку од едно парче стакло, кое ги покрива двете очи и поголемиот дел од носот.

Овие очила порано биле резервирани само за спортистите, скијачите и сноубордерите, чие лице цесто било изложено на сончевото зрачење.

Ваквиот тип на очила, Стела Мекартни го носи и на модните писти.

Спортските очила исто така повторно се во тренд. Некои од дизајнерите, како што е Роберто Кавали, дури комбинираат очила за сонце со елегантни и женствени модни парчиња.

Ако сте љубител на циркони, ова лето можете да ги носите и на очилатаГолемите модни имиња своите очила ги збогатија со крупни украси, кои станаа многу повеќе од обични детали.

Големите очила украсени со кристали привлекуваат уште поголемо внимание. Ваквите очила можеби не се избор за секоја пригода, но сигурно ќе оставате голем впечаток секој пат кога и да ги понесете.

Во тренд се и рамките со интересни принтови

Модните дизајнери кои оваа година одлучиле да си поиграат со принтовите кога се во прашање дневните парчиња, истите идеи ги пренесле и на дизајнот на очилата.

Рамките за очила со интересен дезен лесно се вклопуваат со еднобојните модни парчиња, но и со анималниот принт и класичните летни нијанси.

Ако ви се здосади класичниот облик на очила, тогаш триаголните очила се можеби она што сте го барале со години. Ваквите очила делуваат футуристички, но истовремено и софистицирано.

Сепак, и триаголните очила можат да се најдат во повеќе различни варијанти. Од заоблени триаголници, до прави шпицести варијанти.

Во тренд се големите очила кои покриваат половина од лицето, иако се мали, сепак едвај ги прекриваат очите.

Ваквите очила пред се претстануваат додаток, отколку вистинската заштита која ја очекуваме од очилата за сонце.

Очилата можат да се носат и на врвот од носот и така делуваат помалку мистично и романтично.

Дизнајнерските очила често со себе носат и цена, која им ја носи славното име на дизајнерот. Ако немате намера да издвоите прилично голема сума на пари за еден пар очила од модните писти, искористете ги сликите за инспирација.

Примарната функција на очилата за сонце би требао да биде заштитата на очите и околуочните регии од штетното сончево зрачење. Во спротивно од постојаното мрштење ќе ви добиете брчки околу лицето.

Обликот на очилата ускладете ги со обликот на своето лице, а потоа испратете ги и трендовите кои оваа сезона се актуелни.

Текстот Очила за сонце кои се во тренд оваа сезона е превземен од Reporter.mk.