Од бегалски камп во Македонија стана Мис на Манчестер, животниот пат на Гаши

Дваесет и двегодишната Фатиме Гаши, која е родена во бегалски камп во Македонија, стана мис на Манчестер за 2018 година. Во трката за најубава девојка на Манчестер, Гаши се нашла сосема случајно. Вели дека за ова била поттикната од нејзините родители. Но, нејзиниот пат до успехот не бил отсекогаш лесен.

Родителите на Гаши го напушти родното место во Косово поради тогашните воени конфликти, а таа се родила во бегалски камп. Кога имала две години, нејзините родители заедно со уште 100 други бегалци, од кампот заминале за Велика Британија.

 

Во Велика Британија Гаши имала здравствени проблеми. Поради воспаление на кожата таа завршила на интезивна нега и поминала долго време во болница.

Лекарите тогаш им соопштиле на нејзините родители дека може да умре но девојката закрепнала.

Таа се запишала на медицина, каде што студира во моментов и вели дека планира да специјализира дерматологија заради здравствените проблеми заради кои за малку ќе умрела.

 

 

Текстот Од бегалски камп во Македонија стана Мис на Манчестер, животниот пат на Гаши е превземен од Reporter.mk.