Од дома ќе гледаме претстави и од „Театар комедија“

Тимот од „Театар комедија“ на нивната „Фејсбук“ страница најави дека дел од нивниот репертоар ќе биде достапен онлајн и дека секој кој што сака претставите може да ги гледа на интернет.

„Почитувана публико, со оглед на тоа што овие денови треба да се поминуваат дома, „Театар Комедија“ стартува онлајн и ќе биде присутен и во вашите домови, од каде што секоја вечер ќе можете бесплатно да гледате по една од нашите претстави. Ќе објавиме која претстава ќе може да ја погледнете на нашиот YouTube-канал. Останете дома, почитувајте ги препораките и останете во добро расположение со нас!“, се вели во соопштението.

 

Текстот Од дома ќе гледаме претстави и од „Театар комедија“ е превземен од Reporter.mk.