Од понеделник пороен дожд и грмежи

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека времето утре ќе биде променливо облачно, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови од земјата. Минималните температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а максималната до 26 степени.

И во Скопје, утре времето ќе биде умерено облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во вторник ќе има краткотраен дожд во поголемиот дел од земјата, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда.

Во четврток и во петок во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

Текстот Од понеделник пороен дожд и грмежи е превземен од Reporter.mk.