Неколкумина кавадарчани одлучија му оддадат почит на поп-ѕвездата Тоше Проески, кој загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Хрватска. Тоше загина на 26 годишна возраст. Драган Јованов, Тони Стефанов, Марјан Хаџи Мустафов, Ѓоке Белевски, со поддршка на Диме Коцевски патуваа 1050 км од местото на кобната несреќа во Хрватска, па се до родното место на Тоше, Крушево. Акцијата која се организира по втор пат започна на 12, а заврши на 21 септември.
Четворицата велосипедисти пред да тргнат од Нова Градишка положиле цвеќе на спомен плочата, која во чест на Тоше е поставена во училиште на само 20 метри од местотото на сереќета.
Текстот „Од срце за Тоше-Четворица кавадарчани помина 1050 километри со велосипед во чест на поп-ѕвездата е превземен од Reporter.mk.