Во Македонија ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а од среда позначително опаѓање и на утринската и на дневната температура.
Како што информира УХМР, заладувањето е условено од умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините.
Од утре утринските температури ќе се движат од -4 до 5, а дневните од 14 до 19 степени. До крајот на неделата од УХМР најавуваат постојано намалување на температурите и за деновите од викендот утринските ќе се спуштат и до -6, а дневните до 13 степени.
Текстот Од среда промена на температурите е превземен од Reporter.mk.