Од утре дожд и намалување на температурата

Метеоролозите од утре најавуваат пад на температурата за пет до седум степени и врнежи од дожд во целата земја. Ваквото време ќе трае неколку дена.

Од утре попладне почнува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Од среда дневните температури ќе се намалат за пет до седум степени. Утре минималната температура ќе се движи од -2 до 5, во среда од 2 до 8, во четврток од 1 до 7 степни, во петок од 2 до 8, сабота од 3 до 9 и во недела од 4 до 10 степени.

Дневната утре ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, среда од 11 до 18 степени, четврток од 12 до 18, петок од 12 до 19, сабота од 13 до 19 степени и недела од 16 до 22 степени.

Текстот Од утре дожд и намалување на температурата е превземен од Reporter.mk.