Одлука на жалба од Советот за етика

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на 8 април 2020 година, врз основа на примена жалбa од Дарко Темелков, за текстот „Вирусот убиец излегол од тајната лабораторија за биолошко оружје во Вухан“, објавен на интернет порталот Репортер, ги разгледа
наводите на жалителот. Комисијата за жалби најнапред утврди дека се работи за агенциска вест која пренесува информација за наводното потекло на коронавирусот, односно дека тој потекнува од лабораторија за биолошко оружје во Кина. Се работи за информација преземена од два странски медиуми, кои се уредно цитирани и со поставени линкови до оригиналните содржини. Сепак, Комисијата заклучи дека во време на пандемија и во исклучително чувствителен момент за јавноста, интернет–порталот „Репортер“ требало, барем делумно, да се огради или да изрази резерва кон таквата вест, наместо да ја нуди како извесен епилог. Според Комисијата,  интернет–порталот „Репортер“ го прекршил членот 8 од Кодексот на новинарите, според кој начинот на информирање во случаи на  несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Текстот Одлука на жалба од Советот за етика е превземен од Reporter.mk.