„Одмаздници: завршница“ е прв филм во историјата што во првиот викенд на прикажување заработил повеќе од 1 милијарда долари. Според податоците на „Марвел“, креаторот на овој филм, „Одмаздници 4“ заработи над 350 милиони долари во Северна Америка, односно 1,2 милијарди во светот и со тоа ги урна рекордите што ги држеше неговиот претходник „Војна на бесконечноста“. Тој филм првиот викенд заработи 257,7 милиони во Северна Америка, а 640,5 милиони на глобално ниво.
Со ова најновиот филм на „Марвел“ ги надмина и сопствените огромни очекувања, ото според нивни проценки тие очекуваа да заработат околу 300 милиони долари во домашните кина. Заради големата побарувачка за билети, филмот во исто време почна да се прикажува во најмногу киносали во САД досега.
„Присуствуваме на неверојатен момент во филмската историја, таков што цел свет истовремено го искусува. Мислам дека долго време нема повторно да видиме вакво нешто“, рече аналитичарот Шон Робинс за американските медиуми.
„Одмазници: завршница“ е последниот филм од серијалот „Одмазници“. Во главните улоги настапуваат Крис Хемсфорт (Тор), Скарлет Јохансон (Црната вдовица), Крис Еванс (Капетан Америка), Бри Ларсон (Капетан Марвел), Роберт Дауни Џуниор (Ајронмен), Марк Руфало (Хулк) и многу други.
Текстот „Одмазници: завршница“ урива рекорди, заработи 1,2 милијарди долари на премиерата е превземен од Reporter.mk.