Лидерите на двете суперсили, Соединетите американски држави од една и Советскиот Сојуз и Русија од друга страна, се состанале вкупно 32 пати.
На тие состаноци шефовите на Кремљ и Белата куќа ја кроеле судбината на милијарда луѓе, а на прво место одлучена е судбината на Југославија.
Победа на фашизмот
Првиот самит бил одржан од 28 ноември до 1 декември далечната 1943 година, во екот на Втората светска војна. На истиот, Френклин Д. Рузвелт и Јосиф Сталин, потпомогнати од британскиот премиер Винстон Черчил, се договориле да го поделат влијанието по победата над фашизмот. Самитот е одржан во амбасадата во СССР во Техеран, а најважната одлука била отворањетп на вториот фронт против нацистичката Германија во Европа. На овој самит била донесена можеби клучната одлука за иднината на Југославија, која ќе ја одреди судбината на милион луѓе од Ѓевгелија до Триглав. Рузвелт и Сталин се договориле партизаните, а не четниците, да добијат поддршка и помош од сојузниците во оружје и опрема. Оваа одлука значително допринела за тоа да партизаните победат во граѓанската војна против четниците, па комунизмот во наредниот половина век бил владејачка идеологија на овие простори.
Шанса од Рејкјавик
Еден од најпознатите самити на САД и СССР е одржан во Рејкјавик, престолнината на Исланд, на 11 и 12 октомври 1986 година. На него Роналд Реган и Михаил Горбачов за малку ќе се договореле за уништување на целото нуклеарно вооружување. Иако самитот доживеал фијаско, на истиот се означил крајот на Студената војна и поделбата на планетата на источен и западен блок. Реган сакал да зборува за човековите права, емиграцијата на Евреите од СССР, инвазијата на Советите на Авганистан, додека Горбачов сакал решение за трката во вооружување.
Горбачов предложил уништување на сите балистички проектили, но Реган не сакал да се одрече од својот проект „Војна на ѕвездите“, кој тогаш подразбирал ласерско уништување на интерконтиненталните ракети. Горбачов потоа предложил уништување на целокупниот нуклеарен арсенал во рок од 10 години со услов да се прекине и лабораториското тестирање на ласерското оружје. Иако договорот не бил постигнат, самиот во Рејкјавик направил клучен пробив за договор за нуклеарното стратешко оружје со далечен домет, кој е постигнат веќе во 1987 година во Вашингтон.
Ерата на Путин
Од распадот на Советскиот Сојуз, самит на лидерите на САД и Русија биле одржани шест пати. На првите два, Кремљ бил претставуван од Борис Елцин, по што настапува ерата на Владимир Путин, кој за 19 години на власт запознал четворица американски претседатели. Бил Клинтон, Џорџ Буш помладиот, Барак Обама и Доналд Трамп. Најзначајниот состанок во овој период се случил на 16 јуни 2001 година, кога се зближиле Путин и Џорџ Буш помладиот. Потоа заедно ловеле во Тексас и се возеле во „волга“ од 1956 година. Овој самит ќе биде запаметен и по тоа што Путин го предупредил Буш на опасноста од засилување на исламскиот екстремизам и Ал Каеда во Авганистан и Пакистан, што ќе доведе до голема катастрофа. Неколку месеци подоцна, се случува 11 септември.
Текстот Одржани се 32 средби на шефовите на Кремљ и Белата куќа е превземен од Reporter.mk.