Ограбена најубавата водителка во светот

Дваесет и осумгодишната Италијанка, Дилета Леота, за која се смета дека е најубавата телевизиска водителка во светот, била ограбена изминатиот викенд. Од нејзиниот стан во Милано биле украдени осум часовници „Ролекс“, а изгубила и доста вреден накит и шест илјади евра готовина. Вкупната штета е проценета на 150.000 евра.

Италијанската полиција се сомнева дека станува збор за професионалци на кои им биле познати сите детали. Тие велат дека арамиите знаеле што прават. Весникот „Кориера Дела Сера“ пренесува дека најмалку две лица влегле во нејзиниот дом, но не ја исклучуваат можноста дека крадците имале уште неколку соработници.

Тие ја снимале жртвата и нејзините навики. Тие се сомневаат во некои од италијанските организации, но постои можност кражбата да ја извршиле и криминални групи од поранешна Југославија.

Полицијата во Милано во наредните неколку дена, преку снимките од безбедносните камери ќе се обиде да утврди дали во тој дел од градот, во последните неколку дена, се движеле познати криминалци лица, а планира да разговара и со соседите, со надеж дека некој од нив забележал нешто сомнително.

Леота е многу популарна во Италија, но и пошироко. Таа се смета за една од најубавите телевизиски водителки, а на „Инстаграм“ ја следат околу седум милиони луѓе.

Текстот Ограбена најубавата водителка во светот е превземен од Reporter.mk.