Нема жена која смета дека има доволно пара чевли, бидејќи секогаш ѝ фали барeм уште еден пар. И, секоја жена има омилени чевли кои секогаш би ги носела. Психолозите откриле дека постои врска измеѓу женскиот карактер и моделот на чевли кој го носи.
Високи потпетици за самоуверените
Ако сакате да носите високи потпетици, тоа значи дека уживате да бидете во центарот на вниманието, како и тоа дека се трудите секогаш и секаде да бидете забележани.
Психолозите сметаат дека ваквите чевли ги бираат оние жени што се секогаш спремни на предизвици, отворени се и женствени, но и оние жени што сакаат да си ја кренат самодовербата. Ги носат необични и симпатични особи кои копнеат за внимание, но имаат и сила да се изборат за она што го сакаат.
Платформа за романтичните
Жените што сакаат платформа се практични и романтични. Знаат што сакаат и како да стигнат до целта. Едноставни се, самодовербата им е силна страна и силни се во љубовта. Склони се кон двоумење и колебање, па е важно да бидат опкружени со самоуверени личности.
Балетанки за флексибилните
Жените што сакаат да носат балетанки кај мажите предизвикуваат заштитничкиот нагон. Сметаат дека им е потребна поддршка и нежност, веројатно затоа што ваквите жени се сѐ уште деца во душата.
Спортски обувки за дружељубивите
Aктивните и дружељубиви жени бираат патики и друг вид спортска облека. Тие сакаат да се постојано во движење, а патувањата им се главна опсесија. Се трудат да бидат секогаш опкружени со саканите кои вистински ги почитуваат. Комуникативни се, отворени, позитивни, но понекогаш умеат да покажат и доза на конзервативност.
Моторџиски чизми за егоцентричните
Одмерените, егоцентрични и по малку ладни девојки ги бираат моторџиските, односно рокерските чизми. Иако се доста самостојни, сепак знаат да бидат и прилично чувствителни. Не им се допаѓа кога луѓето се груби затоа што најмногу од сѐ ги ценат хармоничните меѓучовечки односи.
Чевли на врзување за пресметливите
Чевлите кои се инспирирани од машките модели ги сакаат жените кои одат кон целта без разлика на туѓото мислење. Ги кријат своите чувства, па обично се воздржани. Прецизни се, пресметливи, но и склони кон депресија.
Полна петица за оние со самодоверба
Жените што сакаат да носат чевли со полна петица се самоуверени, имаат цврсти ставови и мислења, а одлично ги застапуваат и бранат. Имаат самодоверба и многумина можат да се потпрат на нив. Обувките со ваквата потпетица се идеалниот компромис измеѓу женствените високи штикли и удобните ниски петици. Стабилни се и удобни, па во нив можат да го поминат целиот ден.
Текстот Омилените чевли го откриваат вашиот карактер е превземен од Reporter.mk.