Оние кои ви укажуваат на граматичките грешки се кретени

На светот постојат два вида луѓе, оние кои ви ги забележуваат граматичките грешки, но не ви укажуваат на нив и оние кои се чувствуваат како со таквата грешка да сте им брцнале со прст во око.

Ако припаѓате на втората група луѓе, можеби не е лошо да ја преиспитате својата позиција. Студијата направена на Универзитетот во Мичиген покажала дека оние кои пречесто укажуваат на граматичките грешки се кретени.

Во истражувањето учествувале 83 лица кои требало да се пријават на оглас за цимери. Некои пораки содржеле грешки, а некои не. Откако ги прочитале пораките, требало да одговорат на одредени прашања, меѓу кои  и дали би биле пријател со таква личност, дали  таквата личност им се чини дружељубива, дали се слични на неа, дали има помал интелигент од повеќето пријатели, дали е доверлива и слично.

Вториот дел од испитувањето вклучувал пет човечки каратеристики: екстровертност, соодветност, совесност, неуротицизам и отвореност, како и тоа дали забележувале граматички грешки, колку често ги забележуваат и дали тоа ги нервира.

Според ова истражување, оние кои укажуваат на граматичките грешки всушност се кретени, не поради тоа што укажуваат на нашите недостатоци, туку затоа што мислат дека на тој начин ни прават услуга.

За разлика од екстровертниот тип на личности, интровертните се многу критични кон оние кои прават грешки.

 

Текстот Оние кои ви укажуваат на граматичките грешки се кретени е превземен од Reporter.mk.