Властите во Унгарија од летово ќе даваат кредити во висина од 30.000 евра на сите оние двојки кои планираат да се венчаат и да имаат деца. Оние двојки кои ќе добијат трето дете нема да мораат да ги вратат парите, пренесуваат тамошните медиуми.
Двојките ќе можат да ги добијат парите без да плаќаат камати за истите. Условот е само првпат да стапат во брак. Сопругата мора да има меѓу 18 и 40 години и еден од нив мора 180 дена да плаќа социјални допринеси во Унгарија.
Ако сопругата не роди дете во период од пет години или пак двајцата решат да се разведат, парите кои ќе ги добијат, ќе мора да ги вратат за четири месеци. Двајцата ќе бидат ослободени од враќање на кредитот, само ако покажат медицинско оправдување за пречките поради кои не можеле да имаат дете.
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на ваков черкор се одлучил се со цел да ги мотивира младите да не се иселуваат во другите европски земји и на тој начин да го зголеми наталитетот.
Првите резултати покажуваат дека само во септември годинава се венчале 29% повеќе луѓе отколку истиот месец минатата година. Оваа бројка претставува најголема од 1979 година. Во тој прилог говори и податокот дека од почетокот на овој месец, во земјата за овие субвенции конкурирале повеќе од 50.000 двојки.
Текстот Орбан дава по 30.000 евра за трето дете е превземен од Reporter.mk.