Орбан како голман, Путин во одбрана, Трамп напаѓач на фудбалскиот терен

Политички аналитичари се обидуваат да ни претстават како би изгледало кога сите светски лидери станат фудбалери. Кој политичар во зависност на политиката која ја води би се нашол во улога на голман, одбрамбен играч, среден ред или напаѓач.

Многу светски лидери го обожаваат фудбалот, најважната споредба работа во светот. Германската канцеларка Ангела Меркел не пропушта важен натпревар на германската репрезентација. Унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така често игра фудбал, исто како и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според политиката која ја води Виктор Орбан би се нашил во улогата на голман. Унгарскиот премиер често самиот за себе вели дека ги брани европските и христијанските вредности.

Одбрамбен играч би бича британската премиерка Тереза Меј. Откако стана премиерка, таа повеќе го нема тој напад од пред две години. Во улога на стопер би се снашол и австрискиот премиер Себастијан Курц и неговиот канадски колега Џастин Трудо. Првиот ги брани конзервативците во Австрија од исламизам и масовните миграции. Вториот пак ги издржува нападите од Доналд Трамо и оние кои Канада не ја гледаат како отворена земја.

 

Двајцата последни играчи за врска би биле германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин. Нив ги поврзува молчливоста, смиреноста и одличниот преглед на теренот. Продорните крила би биле претседателите на Кина и Турција, Си Џипинг и Реџеп Тајип Ердоган. Двајца идеолози кои не се срамат да тргнат во напад за да ги променат своите земји, а потоа и светот.

Креативец на играта би бил последниот либерал на Европа Емануел Макрон. Од него се очекува да го направи последното додавање. Како напаѓачи се очекува во акција да се пуштат американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг ун. Првиот би постигнал малку голови, но ќе влегува во голем број шанси.

Тренер би можел да биде папата Фрањо.

 

 

Текстот Орбан како голман, Путин во одбрана, Трамп напаѓач на фудбалскиот терен е превземен од Reporter.mk.