Потребни состојки:
300 гр телешко месо
1 главица кромид
1 чешне лук
2 моркова
2 компира
ловоров лист
црн пипер
сол
Начин на подготовка:
Во тенџере ставете го телешкото месо да се вари на тивок оган околу час и половина. Во меѓувреме во друг сад пропржете го кромидот, па додадете ги лукот и исечканите компири и моркови и оставете ги да се динстаат со малку вода, исто така на тивок оган. Кога ќе омекнат, изблендирајте ги во блендер заедно со водата во којашто се вареле. Извадете го месото од тенџерето и оставете го малку да се олади за да можете да го иситните. Во водата во која го варевте месото додајте го изблендираниот зеленчук. Откако ќе го иситните месото ставете го во тенџерето со зеленчукот, додадете еден ловоров лист, сол и црн пипер и оставете го да зоврие. Кога ќе зоврие, ставете една китка сечкан магдонос и исклучете ја ринглата. Чорбата сервирајте ја топла.
Текстот Оригинален рецепт за телешка чорба е превземен од Reporter.mk.