Американскиот Нобеловец Џејмс Вотсон, останал без престижната награда затоа што во својот документарец јавно се изјаснил дека белците се поинтелегентни од црнците.
Вотсон Нобеловата награда ја добил благодарение на откривањето на структурата на ДНК, но неговата почесна титула му била одземена, затоа што во новиот документарен филм пропагирал расистичките гледишта, објавува „Си-Ен-Ен“.
Вотсон кој во педесетите години од минатиот век, заедно со Франсис Крик, ја открил структурата на ДНК, во документарецот изјавил дека гените се одговорни за разликата во интелегенцијата меѓу белиот и црниот човек.
Колд Спринг Харбур Лабораторијата (CSHL) која Вотсон ја водел од 1968 година до 1993 година, неговиот коментар го нарекол срамотен.
Од лабраторијата соопштиле дека недвосмислено ги отфрлаат ваквите нетемелни и безобзирни лични гледишта на овој научник. Оттаму додаваат дека неговата изјава е за секаква осуда и дека нема врска со науката.
Славниот молекуларен биолог во документарецот изразил надеж дека сите луѓе се еднакви, но додал дека во направено истражување се покажало дека луѓето кои вработуваат црнци, утврдиле дека тоа не е вистина.
Вотсон во 2007 година, за британскиот весник „Сандеј тајмс“ изјавил дека бил длабоко загрижен за иднината на Африка, затоа што сите американски социјални политики се темелеле на фактот дека нивната интелегенција е иста како и белата, додека истражувањата го покажувале спротивното.
CSHL поради ваквите изјави го ослободила Вотсон од сите административни должности, но се досега му ја задржала почесната титула на Нобеловец.
И додека Вотсон се извинил за изјавата дадена во 2007 година, во документарецот „Американскиот великан: декодирање на Вотсон“, кој е прикажан на 2 јануари, изјавил дека од тогаш го немал променето мислењето.
Тоа била последна во низата на расистички и ксенофобни изјави кои ја одбележале кариерата на Вотсон. Во 1997 година, британски „Сандеј телеграф“, ја пренел неговата изјава дека жените би требало да им биде дозволено да абортираат без разлика на причината, дури и ако фетусот носи ген за хомосексуалност.
На предавањето во 2000 година, Вотсон говорел дека постои врска меѓу телесната тежина и амбициозноста на луѓето, како и меѓу бојата на кожата и сексуалните вештини.
„Затоа Латиноамериканците се добри љубовници“, изјавил Вотсон, според „Асошиејтед прес“, кој ги цитирал луѓето кои бле на предавањето.
„Никогаш не сте слушнале за англиски љубовник. Само за англиски пациент“, дополнил Вотсон.
Во британскиот документарец од 2003 година, добитникот на Нобеловата награда за медицина од 1962 годдина, сугерирал дека глупоста е гентска болест која треба да се лечи, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Текстот Остана без Нобелова награда, изјавил дека белците се попаметни од црнците е превземен од Reporter.mk.