Една 82-годишна жена од Обединетото Кралство доби возачка дозвола положувајќи ги тестовите и возењето од прв обид.
Џозефин Шика, која живее во близина на британскиот град Колчестер, одлучи да се запише на часови по возење, бидејќи сакаше да има поголема слобода и независност, пишува весникот „Индипендент“.
И покрај тоа што мораше да паузира поради операцијата, оваа баба ги помина сите тестови и возење од прва.
Инструкторката за возење рече дека Жозефин е најстариот посетител на нејзиното училиште.
Текстот Осумдесет и двегодишна баба положи возачки испит од прва е превземен од Reporter.mk.