Сакате ли да направите некоја промена во спалната соба, ви станува сѐ монотоно и занемарувачки, еве начин како вашата соба може да добие потполно нов изглед.
За постигнување на освежен изглед на спалната соба не постои потреба од купување на нов мебел, постелини или за промена на распоредот на мебелот, иако сѐ од наведеното можете да го направите. Сѐ што е потребно за да го освежите изгледот на спалната соба се украсните перничиња или нови навлаки за перниците.
Украсните перници претставуваат совршена прилика за експериментирање со новите трендови. Нема потреба да фрлате пари на купување на нов мебел со лепопардов принт или зелени столици кои ќе го нагласат дизајнот на просторијата.
Со помош на украсните перници можете да си поиграте со боите, разиграните дезени или текстури.
Бидете креативни и пуштете ја фантазијата да си го направи своето, креирајќи ја вашата комфорна зона. Поиграјте си со неколку бои или дури украсете неколку дезени. Уредете ги по ваш вкус и нема да погрешите.
Дизајнерите на ентериерот се согласија во мислењето дека, освен самиот изгледот, со помош на украсните перници ќе се промени и целокупниот изглед на спалната соба.
Од светлите нијанси и луксузните материјали до неутралните нијанси и луксузните текстури, украсните перници денес доаѓаат во неколку верзии, а колку можат да влијаат на изгледот на спалната соба, доволно говорат сликите на Инстаграм и Пинтерест.
Репортер за вас подготви галерија од инспиративни фотографии кои можат да ви помогнат при будењето на вашата фанатазија со нов изглед на вашата спална соба.
Текстот Освежете ја собата -едноставен трик со кој нема да погрешите е превземен од Reporter.mk.