Министерството за култура на Грција соопшти дека археолозите ги лоцирале првите конкретни остатоци од изгубениот древен град, кој според традицијата ги основале тројанските воени заробеници, откако Грците го уништиле нивниот град Троја.
Во соопштението се наведува дека истражувањата траеле од септември до октомври на Пелепонез и дека доказите го потврдиле постоењето на древниот град Тенеје, за кои досега се знаело само од древните текстови.
Главниот археолог Елена Корка, која ги правела истражувањата во тоа подрачје од 2013 година, изјавила дека открила ѕидови, отвори за врата, подоци од куќи и керамика која датира од 4 век пред новата ера.
Како се наведува во соопштението испратено во јавноста, истражувањата продолжуваат и на гробиштата кои ја опкружуваат древна Тенеја.
Greek authorities say lost ancient city of Tenea located https://t.co/yRbnxUzByc pic.twitter.com/VmDxNpA3KC
— Kathimerini English Edition (@ekathimerini) November 13, 2018
Текстот Откриен антички град, граден по падот на Троја е превземен од Reporter.mk.