Научници откриле необичен фосил за кој тврдат дека претставува најстариот познат животински фосил. Велат дека станува збор за „светиот грал“ во палеонтологијата. Фосилот е откриен во Белото море, во северозападниот европски дел на некогашната Руска федерација.
Со децении меѓу научниците се водела дебата за потеклото на родот Дикинсонија, кој на Земјата живеел пред 558 милиони години.
Се смета дека фосилите од тој период биле огромни. Тие биле толку различни од животниот облик каков што го познаваме денеска, што нивното потекло останува мистерија до ден денес.
Научниците претходно сметале дека родот Дикинсонија бил некаква голема амеба. Но, новите истражувања на руските научници го откриле нејзиното вистинско потекло и го означиле како едно од првите животни.
This weird ribbed oval, known as Dickinsonia, is the oldest known animal. Scientists confirmed its identity by *checks notes* looking at 558-MILLION-YEAR-OLD molecules preserved in its fossils. https://t.co/Vh2pHEkDkM
— Ed Yong (@edyong209) September 20, 2018
Фосилот бил толку зачуван, што кога истражувачите го пробушиле, во него откриле траги од холестерол, вид маст која е јасен показател за неговото животинско потекло.
„Молекулните фосилни масти кои ги пронајдовме, докажуваат дека животните пред 558 милиони години биле огромни“, изјавил професорот Џокен Брокс за Австралискиот национален универзитет.
Досега во палеонтологијата важело мислењето дека големите животни почнале да доминираат на земјата пред 541 милиони години.
Тогаш се појавиле суштества кои научниците ги препознавале како црви. Новото откритие сепак сугерира дека на нив и претходеле животни кои изгледале како Дикинсонија.
Освен големото ниво на холестерол во овој фосил, научниците откриле и дека му недостигаат хемиски маркери за кои се знае дека се поврзани со печурки.
Научниците повеќе од 75 години водат борба околу Дикинсонија и другите бизарни фосили од Едикаран“, изјавил професорот Брокс кој не можел да верува во резултатите кои за прв пат му ги претставил студент по докторски студии Илија Бобровски.
„Фосилната маст сега потврдува дека Дикнсонија е најстариот познат животински фосил и со тоа ја решивме мистеријата стара една деценија, која секако претставува „светиот грал“ на палеонтологијата“, дополнил Брокс.
Текстот Откриен фосил од животно стар 558 милиони години е превземен од Reporter.mk.