Светски археолози го пронајдоа наjстариот бисер во светот. Бисерот е стар осум илјади години и ќе биде претставен на изложба во Абу Даби. Надлежните власти во Обединетите Арапски Емирати велат дека скапоцениот камен бил најден за време на археолошките ископувања на островот Маравах.
„По направените анализи утврдивме дека бисерот настанал во периодот меѓу 5800 и 5600 година пред нашата ера. Овој бисер е доказ дека економската и културна историја на регионот има длабоки корени што датираат од раниот неолит“, вели претседателот на Одделението за култура и туризам во Абу Даби, Мухамед ал-Мубарак.
Бисерот за првпат јавно ќе биде прикажан за време на изложбата „10.000 години луксуз“, на 30 октомври.
Текстот Откриен најстариот бисер во светот е превземен од Reporter.mk.