Древен саркофаг од црн гранит е пронајден во местото Сиди Габер во египетска Александрија. Саркофагот бил покриен со малтер и експертите сметаат дека не бил отворен 2000 години, што е многу необично затоа што крадците успеале да ги отворат речиси сите гробници во текот на вековите.
И мерките на ковчегот се импозантни. Со димензии 1,8 x 2,6 x 1,6 метри, тоа е најголемиот ковчег откриен во Александрија.
Гробницата, за која се верува дека датира од птоломејскиот период, од 305 до 30 година пред новата ера, пронајдена е околу 5 метри под земја за време на ископување. На тоа место е предвидена градба на една зграда.
Недалеку од гробницата е пронајдена и оштетена биста од алабастер. Се претпоставува дека истата го претставува мажот кој е погребан.
Александрија е место кое археолозите често го игнорирале затоа што народот се населил преку древните гробници, но во последно време постои желба антиквитетите да се зачуваат.
Текстот Откриен саркофаг неотворен 2000 години е превземен од Reporter.mk.