Откриена прастара галаксија во близина на Млечниот пат

Орбиталниот телескоп „Хабл“ снимил екстремно затемнета галаксија во близина на Млечниот пат, која се појавила 700 милиони години по Големиот тресок. Снимки се објавени на интернет страницата на опсерваторијата. Научниците велат дека оваа галаксија повеќе личи на збиено ѕвездено јато отколку на потполн ’ѕвезден мегалополис’ и веруваат дека таа била формирана во текот на многу кусо и моќно блеснување кога се формирала ѕвезда, а дека оттогаш во неа немало никави светења.

Научниците не се сигурни кога се појавиле првите светли тела и галаксии. Претходно астрофизичарите сметаа дека тоа се случило околу 400 до 500 милиони години по Големиот тресок, кога Вселената станала доволно ладна за да се формираат молекули на неутрален водород и да се обединат во гигантски облак од гас за физички да може да се формирараат ѕвезди.

Последните години астрономите почнаа да се сомневаат во ваквите проценки, а наљудувањата со „Хабл“ и други телескопи покажуваат дека првите ѕвезди и галаксиите постоеле 300 до 250 милиони години по Големиот тресок.

Проучувајќи ги фотографиите добиени од „Хабл“ кон крајот од септември минатата година, научниците забележале чудна група затемнети ѕвезди, различни од другите објекти во тој дел од рабните области на Млечниот пат. Кога астрофизичарите ги измериле нивните спектри, откриле дека светлините се наоѓаат на околу две илјади пати подалеку од Земјата од вистинските ѕвезди.

Објектот го добил името Bedin-1 во чест на нејзиниот пронаоѓач. Тој има неколку интересени особини – според снимките на Хабл, станува збор за таканаречените џуџести сфероидни галаксии, најмалите и најтемни во Вселената. Bedin-1 речиси целосно се состои од темна материја и не содржи видливи резерви од гас и космичка прашина. Сите нејзини ѕвезди се необично стари, а нивната просечната возраст изнесува околу 13 милијарди години.

Научниците се надеваат дека натамошното проучувања на оваа галаксија ќе помогне во изучувањето на особините на првите ѕвезди во Вселената, и ќе открие како се одвивала нивната еволуција во првите ери по Големиот тресок.

Текстот Откриена прастара галаксија во близина на Млечниот пат е превземен од Reporter.mk.