Првиот центар за Даунов синдром се отвори денеска во земјава. Центарот кој се наоѓа вкупна површина од 381 метар квадратен, се наоѓа зад Собрниот храм, а вкупната ивестиција за истиот изнесува околу 6 милиони и 500 илјади денари.
Опремувањето на центарот е направена во соработка со родителските здруженија на децата со Даунов синдром и комплетно одговара на потребите на децата за поддршка на нивниот психофизички развој.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека преку овој центар ќе се унапредат правата на лицата со попречености. Во центарот е поставена опрема за подобрување на физичката состојба на децата, односно справи за трчање, пинг- понг маса, топки за пилатес, опрема за развој на фина моторика и друга дидактичка опрема, но и соби за одмор и хидромасажa.
Дополнително, на долниот кат е поставена кујна со сите содржини, бидејќи во иднина планирано е да се развие и социјално претпријатие, односно кетеринг-сервис. На овој начин децата и младинците од центарот со поддршка на стручни лица и родителите ќе можат да бидат и работно ангажирани.
Текстот Отворен првиот Дневен центар за Даунов синдром е превземен од Reporter.mk.