Откако во медиумите и на социјалните мрежи се појави веста дека на плажата „Акапулко“ во Охрид е најдена бурма на која стои изгравирано „Monika+Dejan 28.07.1998“, почна акцијата да се најде сопственикот на венчалниот прстен. По 8 000 илјади споделувања, конечно се јави Дејан Костовски, кој рече дека пред пет години ја изгубил на истото место каде што беше најдена. Ќерката на Биби Ставревска, Георгина, е чесниот пронаоѓач на бурмата, а Биби е таа што ја направи објавата на социјалните мрежи за пронаоѓање на сопствениците. Во разговор за crnobelo.com, Дејан раскажал дека не е првпат да ја изгуби и повторно да ја најде.
Во разговорот тој рекол: „Сопругата Моника е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Стапивме во брак кога таа имаше само 18 години, а јас 22. Годинава ја прославивме нашата 20-годишнина од брак и имаме две прекрасни деца. Интересно е што ова е вторпат да си ја изгубам и пронајдам бурмата. Првиот пат беше само една недела откако се венчавме. Бевме на некоја прослава и наеднаш забележав дека не е на мојот прст. Нудев награда за тој што ќе ја најде, ама, среќа, ја најдов во мојата облека“, рекол Дејан. Тој е од Кочани, но живее во Швајцарија. Пред пет години биле на одмор во Охрид и додека пливал ја изгубил бурмата.
„Навистина ме изненади чесноста на Биби и нејзиното семејство и едвај чекаме да ги запознаеме кога ќе дојдеме во Македонија за да ја земеме бурмата“, ракол Дејан.
Текстот Ова е вторпат да ја изгубам и најдам бурмата, раскажа Дејан за прстенот пронајден во Охрид е превземен од Reporter.mk.