Очниот хирург Д-р. Дејан Ставриќ зборува за озонската терапија како начин за справување со проблемите на очите кај пациентите.
Докторе Ставриќ, имате долгогодишно искуство во справувањето со најголемите проблеми на очите на пациентите. Сепак, во последно време се повеќе се слуша за озонските терапии за најразлични проблеми на организмот. Но, што е тоа озон?
Д-р Ставриќ: Озон (О3) е гасна молекула составена од 3 атома на кислород, во динамички нестабилна структура, шти се должи на мезомеричната состојба.
За што е погоден озонот?
Д-р Ставриќ: Благодарение на големата оксидативна моќ, озонот е еден од најмоќните бактерицидни, антивирусни и антифунгални агенси. Покрај значајните оксидативните својства, озонот, кога е адекватно дозиран, откочува неколку корисни биохемиски механизми и го активира антиоксидацискиот систем (каталаза, супериксид дисмутаза, глутатион пероксидаза итн.).
Бенефитите од озонот се познати уште од почетокот на 20тиот век, но сепак тој не беше прочуен за пациентите се до скоро. Зошто е тоа така?
Д-р Ставриќ: Познато е дека озонот се користи во клинички услови како терапевтски агенс за хронични процеси, како трофилен улцер, исхемични улцери и рани кај дијабетичари. Се досега, основниот проблем за користење на озонот во терапевтски цели беше неговата нестабилност во молекуларна форма, а со тоа и можноста да се конзервира во одредена концентрација и времетраење во било кој облик. За среќа и на нашите пациенти, за првпат, озон во стабилна форма и терапевтска концентрација го имаме во препаратите на Ozone Gold!
Кои се според вас, најважните бенефити од озонската терапија?
Д-р Ставриќ: Озонот е исклучително ефикасен кај хронични процеси и инфекции на окото од бактерии, габи и вируси и се користи заедно со или по терапии со антибиотици, антивирусни и антигабични инфекции, поточно кога заради високата патогеност на причинителот, отпорноста на причинителот или слабиот имунитет на домаќинот, стандардната антибиотска и друга терапија е неефикасна или слабо ефикасна. Покрај специфичните терапевтски ефекти кај горенаведените и други состојби, се смета дека неговите својства благопријатно влијаат на целото тело, подобрувајќи ја општата кондиција на организмот.
Текстот Озонот – Исклучително ефикасна формула во справување со хронични процеси и инфекции на окото од бактерии, габи и вируси е превземен од Reporter.mk.