Златна веце шолја ќе биде поставена во една од најголемите великопоседнички куќи во Велика Британија оваа есен и таа, всушност, ќе може да се користи.
Уметничкото дело од 18-каратно злато на Маурицио Кателан, насловено „Америка“, се прослави минатата година, кога музејот „Гугенхајм“ му ја понуди на Доналд Трамп во замена за слика од Винсент ван Гог, што тој ја бараше на заем во Белата куќа.
Шолјата ќе биде инсталирана во бања во палатата Бленхајм во Оксфордшир, во близина на собата во којашто е роден Винстон Черчил. Посетителите ќе можат не само да ѝ се воодушевуваат, туку и да ја користат ако имаат потреба. Ова ќе биде ново искуство дури и за семејството Марлборо, кое навикнало да живее во луксуз во палатата повеќе од 300 години.
„Иако сум роден со сребрена лажица во устата, никогаш не сум вршел голема нужда на златна веце шолја и затоа едвај чекам. Тоа ќе биде функционална шолја“, изјави сегашниот сопственик на палатата Едвард Спенсер-Черчил, додавајќи дека шолјата ќе биде ставена под засилена безбедност.
Шолјата првпат беше изложена во „Гугенхајм“ во 2016 година и за да се види мораше да се чека два часа.
Текстот Палатата во Британија ќе добие златна веце шолја која ќе ја користат и гостите е превземен од Reporter.mk.