Папата го обвинува ѓаволот за сексуалното злоставување на децата

Ѓаволот е жив и работи прекувремено за да ја поткопа Римокатоличката црква, изјваил Папата Фрањо во неговиот неодамнешен говор упатен до јавноста.

Папата е до тој степен убеден дека ѓаволот е виновен за кризата со сексуалното злоставување, што побарал од католиците ширум светот со цел да го победат, секој ден во октомври да говорат специјална молитва.

Откако е избран во 2013 година, папата Фрањо јасно стави до знаење дека верува дека ѓаволот е реален. Во документот напишан во април за светоста во модерниот свет, Фрањо го споменал десет пати.

„Не треба да мислиме за ѓаволот како за мит, приказна, симбол, фигуративен збор или идеја. Таа грешка би предизвикала да ја намалиме одбраната, да станеме безгрижни и ранливи“, напишал Папата.

Забележливо е дека Папата за тоа што дел од неговите свештеници со децении, па и векови, сексуално ги злоставуваат децата, не ги обвинува злосторниците, туку самиот Ѓавол.

Римокатоличката црква ја тресат низа скандали поврзани со сексуалното злоставување во Германија, САД и Чиле.

 

Текстот Папата го обвинува ѓаволот за сексуалното злоставување на децата е превземен од Reporter.mk.