Првиот човек на римокатоличката црква, папата Франциско, јавно го испровоцирал претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со подигањето на ѕидот со Мексико велејќи дека стравот нè прави чудни луѓе.
Папата одговарал на прашањата на новинарите за време на почетокот на својата турнеја низ Централна Америка.
Франциско е првиот папа од Јужна Америка, кој својот мандат го заснова на грижата на положбата на мигрантите и бегалците, а се очекува овој пат да понуди и охрабрувачки зборови до сите млади кои ќе се соберат во Панама на обележување на светскиот Ден на младите.
Текстот Папата го провоцира Трамп – стравот нè прави чудни луѓе е превземен од Reporter.mk.