Паркирала на место за лица со инвалидитет, па добила непријатна порака

Џесмин Свифт (19) во град во Британија паркирала на место кое било наменето за лица со посебни потреби. Кога се вратила во автомобилот, на предното стакло забележала брутална порака.

Лицето кое ја оставило пораката, не го знаело дека Џесмин има голем здравствен проблем, иако тој не е со видлива природа.

На Џесмин и е диагностицирана идиопатска артериска белодробна хипертензија. Тоа е состојба со покачен притисок во крвните садови на белите дробови. Најчесто се јавува поради слабост на левата половина на срцето, како последица на инфаркт или болести на срцевите мускули.  Но, кога ќе се јави кај млади лица, кои немаат тегоби, тогаш може да дојде до загрозување на животот.

Затоа Џесмин решила да и одговори на личноста која и ја оставила оваа порака, но и на сите оние кои прерано ја осудиле.

„Ако би можела да разговарам со тебе, личноста која ми ја остави оваа порака, би ти кажала да не ме осудуваш предвреме. Само затоа што не сум во количка или немам некој видлив проблем, не значи дека не можам да користам паркинг место наменето за личност со посебни потреби“, напишала таа на својот Фејсбук профил.

Џесмин добила многу охрабрувачки коментари, а признава дека само сакала да објасни дека проблемите некогаш не се видливи, но тоа не значи дека не постојат.

 

Текстот Паркирала на место за лица со инвалидитет, па добила непријатна порака е превземен од Reporter.mk.