Забната паста е еден од попопуларните домашни лекови во борбата против акните. Сите ги сакаме домашните начини за убав тен и блескава кожа. Направете пилинг од кафе, маски од природни состојки достапни во кујната, маски за коса со кокосово масло и многу други мешавини кои ја поддржуваат секојдневната нега. Секако, поголемиот дел од вас сигурно сте чуле за домашната метода против брзото тргање на бубулиците со помош на пастата за заби.
Производите за орална хигиена имаат силни својства за сушење. Затоа, после примената на пастата врз бубулиците, после неколку часа на местото на бубулиците, останува само краста. Оваа метода била особено популарна додека сте одевме во средно училиште – признаваме дека и ние ја користевме.
Дераматолозите, меѓутоа, се против овој третман на лечење на акните. Забната паста делува штето врз кожата и носи повеќе штета отколку корист. Пред сѐ, пастата за заби ја иритира кожата, предизвикувајќи црвенило и промена на бојата на кожата. Забната паста содржи антибакстериски и бактерицидни состојки која го ублажува воспалението и на тој начин помага при борбата против бубулиците. Дерматолозите, меѓутоа, обраќаат повеќе внимание врз фактот дека таквото долгорочно лечење на несовршеноста може трајно да ја оштети кожата и да предизвика силна иритација. Покрај состојките кои позитивно влијаат врз поединечни алки, пастата за заби содржи и низа штетни материи за кожата, на чело се сода бикарбоната и алкохолот. Поради тоа не треба да ги лечиме промените на кожата со средствата за орална хигиена. За да не го иритирате тенот, вредно е да купите козметика на база на салицилна киселина, која исто така ефикасно се носи со несаканите изненадувања на лицето, а истовремено нема да влијае врз состојбата на кожата.
Сега знаете зошто никогаш не треба да нанесувате паста за заби врз бубулиците. Ова решение воопшто не е безбедно! Кожата ќе ви биде благодарна.
Текстот Пастата за заби во триковите за убавина! е превземен од Reporter.mk.