Германската авиокомпанија Lufthansa тужела еден од своите патници затоа што не сè појавил на летот за последната децинација од патувањето.
Ваквата пракса ја користат некои патници, кои на овој начин поминуваат поевтино. Летот им станува поевтин на патниците кои го скратуваат патот и не продолжуваат до финалната дестинација.
Од компанијата велат дека патникот кој ги купил картите за повратен лет од градот Осло за Сиетл, со попатно слетување во Франкфурт, не се појавил на повратниот лет од Франкфурт за Осло. Наместо тоа, патникот резервирал карта за друг лет од истата компанија од градот Франкфурт до Берлин.
Поради тоа, одговорните во Lufthansa велат дека патникот го прекршил правилото и условот на компанијата ѝ бара од него компензација од 2112 евра. Судот во Берлин ја одбил тужбата, но портпаролот на авиокомпанијата потврдил дека тие веќе вложиле жалба.
Lufthansa sues a man for not showing up on the plane https://t.co/Dm1CcAkMx0 pic.twitter.com/Apkxwo2vC2
— Boing Boing (@BoingBoing) February 12, 2019
Текстот Патник не се појавил на закажаниот лет, авиокомпанијата му бара оштета од 2000 евра е превземен од Reporter.mk.