Песимисти според хороскопот

Според астролозите, хороскопскиот знак има големо влијание на тоа дали некој човек е оптимист или песимист. Тие тврдат дека најголемите песимисти се родени во знакот на јарец, девица и риби.

ЈАРЕЦ

Тие сакаат да планираат и да бидат организирани, но на сметка на тоа ги пропуштаат опуштените, спонтаните и смирените моменти. Премногу размислуваат кога некој план нема да тргне онака како што го замислиле, постојано се грижат и не знаат како да се релаксираат и одморат.

ДЕВИЦА

Девиците постојано за нешто се грижат и решаваат некој проблем, било да е тоа во врската, во семејството, на работа, па дури и меѓу пријателите и соседите. Во секоја ситуација го гледаат најлошиот исход и постојано размислуваат дека ништо добро нема да се случи.

РИБИ

За нив се вели дека се интуитивни и емотивни, но и дека лесно можат од убави, да преминат нагло на мрачни и темни фантазии. Тие постојано се плашат, а најмногу за блиските во семејството и постојано сакаат да знаат каде се движи секој од нив.

Текстот Песимисти според хороскопот е превземен од Reporter.mk.