Голема количина на прашина од Сахара ја покри западна Европа и западниот Медитеран во текот на викендов. Франција, делови од Шпанија и Португалија, особено Корзика, Сардинија, Сицилија, големи делови од Апенинскиот полуостров, Малта, како и подрачја на Бенелукс и западен Медитеран.
Небото беше покриено со прашина од Сахара. Познавачите на оваа тематика велат дека прашината ќе патува низ Медитеранот и на почетокот на следната недела и ќе стигне и на Балканот.
Метеоролозите од земјите на Балканот, предупредуваат дека прашината од Сахара, прво ќе ги фати јужните краишта на Хрватска, а потоа песочниот облак ќе се прошири и на поголемиот дел од земјата и пошироко.
Песочната прашина од Сахара повеќе пати годишно доаѓа во европските земји, а воглавно страдаат само автомобилите.
Текстот Песочен облак од Сахара ја покри Европа е превземен од Reporter.mk.