Лицата кои се вратиле во Москва од зејите погодени со новиот коронавирус, а не се изолирале во своите домови на две недели ќе бидат казнети и до пет години затвор.
Ова го најави локалната власт во Москва, откако властите прогласија висок степен на тревога и воведоа дополнителни мерки со цел да го спречат ширењето на новиот коронавирус, Ковид-19.
Сите оние кои се вратиле од Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија, Италија, Шпанија и други земји каде има регистрирани или евентуални неповолни знаци на новиот коронавирус, следи тешка казна, вклучително и затворска казна до пет години.
Во Русија досега се регистрирани 15 пациенти со новиот коронавирус.
Текстот Пет години затвор за оние кои се вратиле во Москва од земја со коронавирус, а не се изолирале е превземен од Reporter.mk.