Сакате ли да станете мајстор за скара?
Пред да учевствувате во натпревар, проверете дали сте направиле некоја од одновните грешки!
Летната сезона е идеална за дружење со пријателите правејќи скара. Доколку сакате да организирате вечера со своите пријатели на отворено и сте главен скараџија, тогаш веруваме дека вкусно ги спремате сите специјалитети. Вкусното место, плескавиците, пилешките крилца, омилениот зеленчук…
Меѓутоа, постојат грешки што можеби ги правите, а за тоа да не сте ни свесни. За скарата да ви биде уште повкусна, ви предлагаме да откриете неколку мали трикови!
Го вртите месото прерано
Кога ќе го ставите месото на ската, дајте му малку мир. Пилешкото, плескавиците, рибите и многуте други врсти месо им треба време да се испечат и карамелизираат.
Секој пат кога место ќе го свртите, повторно го започнувате овој процес. Тргнете ја храната од скарата и свртете го само кога сте сигурни дека е спремно. Исто така, не заборавајте дека никогаш не смеете да го притискате месото во текот на печењето.
Често го подигнувате капакот
Отворањето на капакот од решетките е уште едно проблематично прашање. Секако, морате да проверите што се случува, меѓутоа кога го правите тоа пречесто, топлината бега, а температурата драстично опаѓа.
Посебно е важно горниот дел од скарата да се затвори кога нешто кратко печете, на пример крилца.
Сте избрале погрешен метод на печење
Можете директно и индиректно да правите скара. Првата метода е да ја изложите храната директно врз пламенот. Тоа значи дека место е ставено на решетката преку огнот.
Директното печење најдобро функционира за мали производи, како што се колбасиците, крилцата, резанките, зеленчукот или рибата.
Печењето на индиректната топлина се врши кога храната се пече без директен контакт со пламенот, но само под влијание на температурата на пример за јадења кои бараат подолго печење, на пример, цело пиле, дивеч или ребра.
Не проверувате ја внатрешната температура на месото
Често погрешно претпоставуваме деали месото или рибата е спремна, затоа што на неа постојат „запечени“ линии или истекло времето. За жал, потпирањето исклучиво на визулените знакови (или погодувања) често се доведува до недоволно испечениот оброк и така вие, вашите деца и гости се изложувате на ризик од труење со храна.
Единствениот начин да бидете сигурни е да користите термометар за храна. Само запомнете дека треба да се погрижите да го ставите во најдебелиот дел од месото.
Претпоставувате дека целиот зеленчук се пече истовремено
Постојат неколку работи ко можете да ги направите за да бидете сигурни дека зеленчукот се пече точно онака како што сакате. Пред сѐ – почнете да користите посебна корпа за скарата.
Второ, немојте да го сечете зеленчукот на мали парчиња, затоа што или ќе падне низ решетките или ќе се пече пребрзо (или обично истовремено).
Трето и најважно – запамтете дека сите видови зеленчук не се печат со исто темпо. Доколку сакате да ги тргнете во исто време, обидете се да ставите само сличен зеленчук на скарата. На пример, брокулите и карфиолот се печат во исто време. Од друга страна, компирот и аспарагусот имаат многу различно време на готвење.
Текстот Пет грешки што најчесто ги правиме при подготвување на скарата е превземен од Reporter.mk.