Во совршениот брак, партнерите никогаш не се караат, а одговорностите се подеднакво поделени. Веројатно сте ги слушнале таквите мислења повеќе пати. Но, тие не се вистинити. Затоа, наместо да тежнеете кон непостоечкиот идеал, живејте на свој начин и тек тогаш ќе бидете среќни во својата врска. Ова се најголемите лаги за совршениот брак!
Потребно е да се избегнувате или да молчите неколку дена
Многумина мислат дека во врската нема ништо полошо од молчењето. Но, тивките денови не мораат да го уништуваат односот. Според психолозите, тие се едноставна реакција на вишакот тешки емоции: разочарување, лутина, бес. Во текот на кавгата, и вие и сопругот можете да кажете зборови поради кои подоцна ќе зажалите. Тоа е нормално и добро за бракот. Вреди да запомните дека тивките денови имаат смисла кога се краткотрајни и кога водат кон искрени разговори околу тоа што се случило. Не ќутете долго и не се казнувајте себеси.
Не се карајте
Очигледно е дека партнерите меѓусебно се разликуваат, па многу од работите ги сфаќаат поинаку. Меѓутоа, ова може да заврши со кавга и тука нема ништо лошо. Кавгата помага да се исчисти атмосферата и да се создаде почеток на промени. Понекогаш може да дојде и до тешки зборови, но нивната цел не е да го повредат вашиот партнер. После кавгата, баш како по бура, доаѓа мир и тишина. Ова е многу добар момент за размислување околу тоа што се случило, кој е во право, кои аргументи треба да ги користите за да ја убедите другата страна. Благодарение на таквиот став, односнот има шанси да се промени на подобро.
Односот на давање и земање
За многумина основниот принцип на партнерството е давање и земање. Тие мислат дека кога едната страна нешто дава, дека другата личност чувствува должност на тоа да возврати. Но, овој принцип не може во потполност да се спроведе. Таквото броење, кој колку дал, е лошо. Најпосле, врската не сметка во продавница која можете да ја поделите подеднакво 50:50. „Вчера бев јас со децата, денес е твој ред“.
Очекувањата мораат да бидат прилагодени на околностите, односно кој во моментот има повеќе време да се занимава со тоа прашање. Исто така се случува, на пример, сопругата да има тешко работно место, и тогаш нејзиниот сопруг презема повеќе домашни задачи во своја рака. Исто така се случува партнерите едноставно да делат одговорности, на пример, таа води смета за куќата, а тој води грижа за градината. И иако подеделбата не е изедначена, сепак им се допаѓа што го прават она што го сакаат. А, тоа е најважната работа.
Секогаш е жешко во спалната соба
Романтичните филмови не хранат со слики од заљубени парови кои се секогаш страствени во спаланата соба. А, секој нивен крупен план е полн со восхитувања и завршува со оргазам. Но, тоа не е така и во реалноста. Истражувачите покажале дека само 42% од паровите се задоволни со својот сексуален живот. Тоа значи дека повеќето од нас имаат помали или поголеми потешкотии. Недостатокот на време и заморот ја одземаат волјата за игра.
Понекогаш тоа е едноставно така и не вреди да се комплексирате поради тоа. Најважно е да ви одговара фреквенцијата на љубовните состаноци. Меѓутоа, доколку се чувствувате незадоволно, разговарајте со сопругот околу тоа. Можеби рутината се протнала во вашата врска? Размислете како да раскинете со не неа и да уживате во блискоста со партнерот.
Сопругот е најдобриот пријател
Истражувањата покажале дека само 30% од жените сметаат дека нивните сопрузи се нивните најдобри пријатели. Главниот приговор на мажот е дека не можат да слушаат исповеди. Светот на женските емоции им се чинат премногу комплицирани.
Тие често не знаат дека жената треба само да ја сослушаат. Затоа, немате потреба на милион начини да разговарате околу некоја тема, побарајте ја другарката, која веднаш ќе знае на што точно мислите. Прифатете го фактот дека вашиот сопруг нека да ја игра оваа улога и немојте да го присилувате на тоа. Во врската е важно да се сложите дека сите сме различни. Не би требало со сила да ја менуваме другата личност.
Текстот Пет лаги за совршениот брак е превземен од Reporter.mk.