Пет најнеуредни хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци својата нуредност ја нарекуваат креативен хаос. Со нив најтешко се живее зашто тие секогаш оставаат неред зад себе, не сакаат да чистат и никогаш немаат време за тоа. Астролозите открија кои се петте најнеуредни знаци во хороскопот.

Стрелец 
Стрелецот за себе никогаш нема да каже дека е неуреден, туку дека има способност за кратко време да направи неред. Тој е вистинска дефиниција за неуредност, но тој никогаш нема да го признае тоа.

Лав
Лавовите не се неуредни, но секогаш наоѓаат нешто попаметно да прават отколку да чистат. Чистењето затоа често паѓа во втор план, а овој знак најмногу сака кога таа работа ќе ја заврши некој друг.

Бик
Биковите сакаат нивниот дом да биде чист. Но, ако мораат да бидаат меѓу грижата за хигиената и грижата за себе, ќе го одберат второто. Биковите попрво би лежеле во кревет и би гледале добра серија отколку да чистат, а чувството на вина никогаш нема да биде доволно за да се променат.

Риби
Овој хороскопски знак е многу логичен кога станува збор за чистењето – зошто нешто да се исчисти веднаш, кога може да се исчисти за неколку дена, кога ќе се направи повеќе неред?

Водолија
Водолиите добиваат напади на чистење и во тие моменти буквално го чистат секој агол, но, за жал, тој
напад го добиваат многу ретко.

Текстот Пет најнеуредни хороскопски знаци е превземен од Reporter.mk.