Пет трендови во светот на венчавките за 2020

Секоја нова сезона венчавки носи нови идеи и трендови кои претставуваат инспирација и свеж здив во интрустријата на венчавките.

Благодарение на тоа, секоја од прославите може да се направи уште поубава и поиндивидуална. Доколу планирате венчавка оваа година, погледнете неколку од свежите идеи за венчавки.

 Екоцеремонија

За среќа, трендот на еколошка свест расте. А тоа се однесува и на церемонијата на венчавката. Младенците сѐ повеќе размислуваат околу тоа како нивниот триумф да го направат „поштедлив“ за околината. На пример, по венчавката, предајте го отпадот на преработка, купете природни производи (истото важи и за цвеќето), а исто така одржете церемонија на свеж воздух, без непотребни украси, затоа што природата е убава сама по себе.

Билки за јадење

Ова е уште еден убав тренд за свадбените прослави во 2020. Ова цвеќе може да ја украси тортата, да биде во коцките мраз, салатите и пијалаците.

Бар за самопослужување

Што велите на тоа да не го чекате келнерот, туку сами да си наполните чаша вино? А и поради практичност, најдобро е да користите барови каде што може да има неколку опции за пијалак. Така можете да заштедите на бармен.

Добротворна организација

Организирајте откуп на букетот или венчалното шише шампањ – сега е популарно парите да ги донирате во добротворни цели.

Фотографирање

Имајќи предвид дека друштвените мрежи денес се дел од нашиот живот, еден од трендовите за 2020 е во текот на фотографирањето на венчавката да одбереме различни теми, секако врз основа на интересите на брачниот пар.

Ова ќе биде одличен начин да се забавувате и да им овозможите на гостите и младенците да направат елегантни смешни фотографии. На пример, во стил на вашите омилени филмови. И да, за ова е најдобро да повикате професионален фотограф.

 

Текстот Пет трендови во светот на венчавките за 2020 е превземен од Reporter.mk.