Ако во микробрановата ставите обичен кромид, ќе се случи нешто потполно неочекувано.
Ви нудиме пет неверојатни животни корисни трикови кои ќе ве научат како да ја користите микробрановата печка на не баш вообичаните начини.
Кромидот исечкајте го без солзи
Засечете ги двата краја на соголениот лук и ставете го во микробранова на неколку секунди, подесувајќи го времето на загревање на 30 секунди. За тоа време, сокот ќе се исуши и вие ќе можете да го сечкате без солзи.
Вратете му ја свежината на лебот
Кришките леб замотајте ги со влажна крпа и ставете ги во микробранова на неколку секунди: лебот ќе упие вода, ќе се загрее и ќе стане мек, како тек да излегол од рерна.
Испржете ги оревите и бадемите
Во еден сад ставете слој кикирики, бадеми или индиски ореви и ставете ги во микробранова на две минути. Потоа измешајте ги оревите и повторно ставете ги во рерна на една минута. Повторете ја постапката два-три пати.
Подгответе омлет
Скршете јајца во длабока шолја, посолете ги и ставете врз нив бибер. Додадете сирење или рендано зелје. Ставете ја шолјата во микробранова на три минути. Омлетот е спремен.
Направете чипсот повторно да ви биде крцкав
Доколку сте отвориле чипс и не сте го изеле веднаш, веројатно ја изгубил својата крцкавост. Во сад ставете хартиен чаршаф, ставете чипс во еден-два слоја и повторно покријте го со чаршаф. Триесет секунди загревање се доволни вишокот влага повторно да се апсорбира во хартијата и чипсот повторно ќе биде крцкав.
Текстот Пет трикови за микробрановата печка кои сигурно не сте ги знаеле е превземен од Reporter.mk.