Пилот заспал во кабината, па го промашил местото за слетување

Авиокомпанија од Мелбурн соопштила деа ќе покрене истрага против пилотот кој заспал во кабината на теретен авион и за 46 километри го промашил австралискиот остров на кој требало да слета.

Комапнијата „Вортекс ер“ сооштила дека пилотот бил сам во кабината и дека за време на летот од Девенпорт, на северозапад од Тасманија, до островот Кинг во преминот Бас, кој ја раздвојува Тасманија од остатокот на Австралија, со авионот управувал автопилот.

„Вортекс ер“ навел дека пилотот ненамерно засапал и дека проблем се јавил кога од контролата на летање не успеае да стапат во контакт со него.

Авиокомпанијата соопштила дека пилотот безбедно слетал на островот Кинг.

 

 

Текстот Пилот заспал во кабината, па го промашил местото за слетување е превземен од Reporter.mk.