Жител на Тајланд итно е пренесен во болница откако триметарски питон го каснал за пенисот додека седел на школката во неговиот тоалет, објавуваат тамошните медиуми.
„Осетив само како ме гризе за мојот пенис. Кога ја здогледав големата змија, инстиктивно ја тргнав од мене“, вели 45-годишниот тајлнѓанец.
Тој во болница завршил со 15 конци на својот пенис, а раскажал и еден детаљ.
„Требаше да бидам свесен, пред два дена видов змија во другиот тоалет во домот, па затоа почнав да го користам овој. Не ми падна на памет дека тие два се поврзани преку канализацијата“, вели тој.
Посебната спасувачка екипа го фатила питонот и го пуштила во дивина, а според лекарите, пациентот нема да има последици.
Змиите често се појавуваат во југоисточните азиски земји, а само во Банког локалните пожарникари минатата година фатиле 35 илјади змии.
Текстот Питон му го каснал пенисот додека мочал е превземен од Reporter.mk.