Аргентинската манекенка и „Плејбој“ модел, водителка и глумица Наташа Хаит (42) ноќеска е пронајдена мртва во стан на нејзин пријател во предградие на Буенос Аирес. Според локалните медиуми на телото на починатата манекенка нема видливи знаци на насилство, а телото е предадено на обдукција.
Полицијата телото го пронашла во кревет. Во времето на нејзината смрт, во станот освен сопственикот имало уште еден маж. Манекенката на почетокот на јануари изјави дека ја силувале двајца нејзини „пријатели“ откако заспала во станот на едниот од нив.
„Ги отворив очите и тогаш сфатив што се случува“, рекла тогаш за аргентнските медиуми. По ова, Наташа Хаит се повлече од јавноста.
Текстот „Плејбој“ манекенка пронајдена мртва е превземен од Reporter.mk.