Базилката Саграда Фамилија, заштитниот знак на Барселона, која ја проектирал каталонскиот архитект Антони Гауди, по 137 години, ја доби својата градежна дозвола.
Спектакуларната недовршена црква, која во 2005 година е сместена на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО, годишно ја посетуваат повеќе од четири милиони луѓе. Нејзината изградба започнала во 1882 година, а во 1926 година, кога починал Гауди, не била завршена ниту четвртина.
Властите во Шпанија во 2016 година, сватиле дека оваа базилка никогаш не ја добила планската дозвола, што значи дека на неа било работено без градежна дозвола, повеќе од еден век.
Градежната дозвола за изградба на базилката Саграда Фамилија важи до 2026 година, кога се навршуваат сто години од смртта на Гауди. Се проценува дека нејзината изградба ќе чини околу 374 милиони евра.
Текстот По 137 години издадена дозвола за градење на Саграда Фамилија е превземен од Reporter.mk.