Женката на китотот -убиец орка престанала да го носи своето мртво бебе по 17 дена , откако со него поминла 1 600 километри и со ова таа поставила рекор. Научниците ја следеле женката – кит од островот Ванкувер во Канада.
,, Нејзината тажна турнеја заврши и сега се однесува исклучително енергично .”, велат научниците од канадскиот Центар за истражување китови. Позната е појавата китовите да ги носат своите мртви бебиња на грбот , но оваа женка , позната под името Ј35 , постави рекорд.
Прв пат оваа женка била документирана како го носи своето бебе во близина на брегот на Канада на 24 јули.
И Канада и САД се согласуваат дека китовите – убијци од видот орка се на прагот на изумирање . Ова најмногу се должи на нивната зависност од одреден вид лосос кој најмногу го јадат , чиј број последните години е во драстичен пад.
Текстот По 17 дена мајката – кит го напушти мртвото бебе е превземен од Reporter.mk.