Српскиот глумец Срѓан Жика Тодоровиќ, првиот тапанар на култниот бенд „ЕКВ“, по 20 години ќе свири во Скопје. Тој на 16 ноември ќе настапи со бендот „Деца из воде“ и ќе отсвири дел од најголемите хитови на „ЕКВ“. Жика беше член на бендот од 1987 до 1990 година и со „ЕКВ“ сними два албума: „Љубав“ и „Само пар година за нас“. Песните како „Земља“, „Круг“, „Срце“, „Пар година за нас“ доминираа на топ-листите и тој период се смета за најуспешниот период на „ЕКВ“. Претходно Жика свирел во „Дисциплина кичме“, а по „ЕКВ“ имал соработки со „Партибрејкерс“ и „Електрични оргазам“. Дури откако си заминал од овој бенд ја почнал актерската кариера.
Гостувањето на Жика Тодоровиќ е во рамките на годинашниот „Синедејс“, како дел од мултимедијалната програма „Сеќавање на Милан и ЕКВ“, кој го приготви проект бендот „Деца из воде“. Овој бенд е создаден пред 3 години со идеја да се одржуваат концерти кои ќе го вратат сеќавањето на Милан Младеновиќ и „ЕКВ“.
Пред концертот во Дансинг салата МКЦ ќе се прикаже филмот „Дечак из воде“, краток филм од 2014 година за животот и кариерата на Милан Младеновиќ.
Билетите за концертот се веќе пуштени во продажба.
Текстот По 20 години, Жика Тодоровиќ ќе свири во Скопје е превземен од Reporter.mk.