По 6 години, нилскиот коњ во скопската ЗОО доби греење

Нилскиот коњ Буцо по шест години доби греење во неговото зимско живеалиште во скопската зоолошка. Базенот во којшто Буцо живее зиме, бил студен со години, вели за „Репортер“ Тина Мицковска, пи-ар на зоолошката. Сега, проблемот е решен, а нилскиот коњ ќе плива во топол базен.

Базенот на нилскиот коњ Буцо

„Нашиот Буцо изминатите години во зима седел во студ. Неговото водно живеалиште не било топло претходните шест зими, вклучувајќи ја и онаа најстрашната пред две години, но не биле преземени мерки да се реши проблемот. Директорот Ѓорѓи Галетановски веднаш реагираше и поставивме парно греење во водата, четири радијатори што ќе ја топлат. Сега Буцо, нилскиот коњ е на топло како и сите останати животни во Зоолошката градина“, ни рече Тина.

Скопската зоолошка изминатите месеци работи на подобрување на условите во кои живеат животните. Направени се нови живеалишта за слоновите, се чисти големото езеро на влезот, а наскоро ќе се реновираат живеалиштата на мечките и ќе се прави живеалиште за фламингата и пингбините што ќе дојдат на пролет.

Базенот на нилскиот коњ Буцо

Текстот По 6 години, нилскиот коњ во скопската ЗОО доби греење е превземен од Reporter.mk.