Последниот ден од спасувачката акција на Тајналд била исклучително драматична. Само среќата била таа која ги спасила нуркачите да не настрадаат.
Откако ги извлекле децата и тренерот, главната пумпа која ја испумпувала водата од пештерата престанала да работи, а потоа нивото на водата почнало да расте.
Во тој момент членовите од спасувачкиот тим биле во комората 3, околу 1,5 километри од излезот.
Неколку часа откако било извлечено последното момче на површина, тројца нуркачи од Австралија ја чистеле опремата во комората 3, каде се наоѓала базата на спасувачкиот тим. Внатре во пештерата нивото на водата било доволно ниско па им било овозможено да одат низ неа. Тогаш главната пумпа престанала да работи, а водата брзо ја наполнила комората.
Нивото на водата почнало неверојатно брзо да расте. Се слушнале викотници од страна на членовите на спасувачкиот тим, кои се бореле да стигнат до сувиот дел и да побегнат од водата која надоаѓала.
„Викотниците се слушнале веднаш откако главната пумпа откажала и водата почнала да надоаѓа. Се појавила од сите страни“, изјави еден од нуркачите.
Околу 100 спасувачи кои се наоѓале во тој дел од пештерата, тргнале кон излезот и по еден час и тие се нашле на безбедно.
Со нив на површината излегле и тројца припадници од тајалндските фоки и австралискиот лекар кој преостанатите денови биле со децата и нивниот тренер во пештерата.
За потсетување, 12 момчиња и нивниот тренер се спасени од пештерата на северот на Тајланд во кој минале 17 дена.