Триесет и седумгодишната Американка Сара Томас стана првиот човек кој успеал четири пати непрекинато да го преплива каналот Ла Манш. Томас својот успех го почнала во раните утрински часови во неделата.
Таа минала 54 часа во водата пред нејзиниот финиш. Нејзините пријатели велат дека нејзиниот подвиг дополнително добива на значење откако пред една година успеала да ја победи тешката болест. Томас се излечила од рак на дојката.
„Ова е вистински триумф, таа ги тестираше границите на издржливост. Ова е неверојатно, апсолутно инспирирачки. На крајот, сите бевме многу емотивни“, изјави официјалниот набљудувач Кевин Марфи.
Томас и претходно го имала препливано Ла Манш во 2012 година и 2016 година. Пред неа само тројца пливачи успеале трипати непрекинато да го препливаат каналот.
Текстот По победата на ракот Сара Томас стана првиот човек кој четири пати непрекинато го преплива Ла Манш е превземен од Reporter.mk.